Дома Фудбал Донгмо херој, Вардар го победи Силекс за полуфинале во Купот на Македонија!

Донгмо херој, Вардар го победи Силекс за полуфинале во Купот на Македонија!

Екипата на Вардар по победата над Струга во првенството денеска оствари триумф над уште еден клуб кој се бори за врвот на табелата, но сега во купот.

„Црвено-црните“ беа подобри од кратовски Силекс со минимални 1:0. Во првиот дел не видовме погодоци, а одлучувачкиот момент се случи на 20-тина минути пред крајот на средбата.

Стрелец на победничкиот гол за Вардар беше, Камерунецот Данел Донгмо.

Со минимлани победи место во полуфиналето обезбедија уште екипите на Струга и Шкендија. Стружани на свој терен беа подобри од Гостивар со голот на Кехинде, додека Шкендија благодарение на Шала го доби второлигашот Детонит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…