Дома Фудбал Реал Мадрид вечерва без Мбапе, Французинот вадел заб

Реал Мадрид вечерва без Мбапе, Французинот вадел заб

Фудбалерите на Реал Мадрид ќе се сретнат вечерва со Реал Сосиедад на “Реале арената” во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на кралот.

Мадриѓаните се големи фаворити против Баскијците, кои се надеваат дека на нивни терен би можеле да направат изненадување пред патувањето во престолнината. Еден од нивните адути може да биде и отсуството на Килијан Ембапе, кого реши Карло Анчелоти да го поштеди од натпреварот поради стоматолошка интервенција.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Причината е што Мбапе извадил заб и чувствува болки, па најдобриот стрелец на екипата ќе одмара.

Вечерва на “Реале арената” нема да биде ни Тибо Куртоа, како и капитенот Федерико Валверде кој веќе некое време мачи со повреда, што не го спречувало да настапува и тоа под инјекции.

Така што ќе брани Андреј Лунин, а од момците од “Б” тимот тука ќе биде и Кема, како и Гонзало Гарсија.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона планира спектакуларен трансфер

Ѕвездата на тимот на Њукасл, Александар Исак, е во плановите на Барселона за летниот транс…