
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо има намера да купи значаен дел од акциите на Валенсија и така да стане мнозински сопственик на паднатиот гигант од „Местаља“, пренесува „Фут Меркато“.
Истиот извор додава дека сегашниот сопственик на Валенсија Питер Лим е подготвен да му ги продаде на Роналдо мнозинскиот дел од акциите на некогашниот шпански шампион и дека целата трансакција би можела да се формализира до крајот на сезоната.
Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
Како што се наведува, Роналдо има намера по завршувањето на играчката кариера во Ал Наср да се врати во Шпанија, каде што од 2009 до 2018 година играше за Реал Мадрид, а неговите планови со Валенсија тесно се поврзани со инвестициски фондови од Саудиска Арабија.
Целиот процес околу влезот на Роналдо во Валенсија треба да го олесни тоа што е пријател со Лим, бидејќи сопственикот на овој шпански клуб ги поседува правата за рекламирање на португалската ѕвезда.
Ако се остварат тврдењата кои наклонуваат кон вистина, Валенсија со време би можела да стане значаен фактор во шпанскиот фудбал.
„Лилјаците“ моментално се во зоната на испаѓање со ист број на поени како и Лас Палмас, кој е прв над линијата, а следниот натпревар ќе го играат в недела на гости кај Осасуна во Памплона.