Дома Фудбал Во Косово не задоволни од потегот на Албанија и Србија, се огласи Чеферин!

Во Косово не задоволни од потегот на Албанија и Србија, се огласи Чеферин!

На Косово веќе со недели се изразува незадоволство затоа што Албанија се согласи на организацијата на Европското првенство заедно со Србија. Сега за сето ова зборуваше и првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.

Албанија и Србија се сметаат за големи ривали на геополитичката сцена и меѓу двете нации постои голема нетрпеливост, особено по прогласувањето на независноста на Косово пред 17 години.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Токму поради ова, за многумина беше големо изненадување одлуката на Албанија и Србија да го организираат заеднички Европското првенство за играчи до 21 година, што претставуваше особен удар за Косово.

Во Приштина тоа го гледаат како предавство од страна на албанската Федерација, а на неколку стадиони остро бил прозван претседателот на ФС Албанија, Арманд Дуќа.

Својот глас го дигнаа и навивачите и најавија радикални мерки бидејќи, како што наведоа, не сакаат никаква соработка со големиот непријател, посебно поради немирните настани од минатото.

Сега конечно за самата организација на Европското првенство зборуваше и Александер Чеферин, а првиот човек на УЕФА изјави дека Албанците и Србите изразиле желба да го организираат турнирот заедно.

“Со посебни емоции гледам кон сите народи на поранешна Југославија. Во последниве децении се случија навистина ружни работи, војни…”

“Но, целиот Западен Балкан е темпиранa бомба. Главниот проблем е што европските бирократи и политичари не го разбираат начинот на размислување на Балканците и луѓето од просторите на поранешна Југославија.”

“Интересно е дека албанските и српските фудбалски федерации, со поддршка од двете влади, изразија желба да го организираат натпреварувањето заедно, што е уште еден доказ дека спортот е над политиката.”

“Спoртoт e нешто добрo. Ова е извонредна шанса да се покаже дека фудбалот е над политиката”, порача Чеферин.

Од Албанија неколку пати изјавија дека организацијата на Европското првенство ќе биде од корист за нивната земја, но на Косово не сакаат да се помират со тоа.

Политичката Приштина сигурно тешко ќе ги прифати зборовите на Чеферин, но факт е дека Албанија и Србија ќе го организираат Европското првенство за играчи до 21 година, и ќе мораат да го прифатат тоа сакале или не.

За потсетување, турнирот ќе се одржи во летото 2024 година во по четири града во двете земји. Претставничкото издание е на програмата во Нови Сад, а финалниот натпревар во Тирана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона заинтересирана за Влаховиќ

Според информациите од италијанските медиуми, Душан Влаховиќ скоро сигурно ќе замине од Ју…