Дома Фудбал Бивша ѕвезда на Реал Мадрид и Арсенал ќе влезе во политиката

Бивша ѕвезда на Реал Мадрид и Арсенал ќе влезе во политиката

Поранешниот репрезентативец на Германија со турско потекло, Месут Озил се подготвува за нова кариера.

Според турските медиуми, Месут Озил може да започне политичка кариера и да се приклучи на извршниот одбор на турската владејачка партија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според изворите, 36-годишниот поранешен фудбалер може да се приклучи на Централниот извршен комитет на владејачката Турска Партија на правдата и развојот.

Месут Озил во свое време беше еден од најдобрите германски и европски фудбалери. Официјално се повлече од фудбалот во 2023 година.

Кариерата ја започна во родниот Гелзенкирхен во тимот на Шалке, подоцна играше за Вердер Бремен, Реал Мадрид, Арсенал, Фенербахче и Истанбул Башакшехир.

За репрезентацијата на Германија одигра 92 натпревари и постигна 23 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четворица фудбалери на Македонија отпаднаа од дуелот со Данска

Македонија вечерва од 20.45 часот ќе се соочи против Данска во Копенхаген, а селекторот Го…