Оваа сезона Нико Паз се истакнува во дресот на Комо, каде дојде од Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Минатото лето, за сума од 6 милиони евра, Нико го напушти Реал Мадрид и се приклучи на Комо, каде под менторство на Сеск Фабрегас остави силен впечаток со своите перформанси.
За неговите вештини се заинтересирани Милан и Интер, кои планираат следното лето да вложат средства за да го доведат во Милано.
Меѓутоа, конечната одлука за иднината на аргентинскиот фудбалер ја носи Реал Мадрид, кој располага со можност да го врати за само 9 милиони евра.