Дома Фудбал Арсенал тргнува по Влаховиќ на попуст

Арсенал тргнува по Влаховиќ на попуст

Душан Влаховиќ не го напушти Јувентус во неодамна завршениот трансфер-период, но постои голема можност тоа да се случи на крајот на сезоната.

Посебно затоа што Италијанците го ангажирале Рандал Коло-Муани кој одлично ја започнал кариерата во дресот на новиот клуб, па постои можност во Торино на долг рок да размислуваат за францускиот напаѓач кој од Пари Сен Жермен пристигна на позајмица до крајот на сезоната.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Неодамна се појави интересна шпекулација дека Фенербахче сака да го доведе Влаховиќ, но прашање е дали фудбалер од неговиот ранг и амбиции би се одлучил за таков потег.

Сега повторно се зборува за интересот на Арсенал кој, тврдат медиумите во Англија, е подготвен да издвои 40.000.000 евра на Јувентус за да го доведе српскиот фудбалер во летниот трансфер-период.

Не така одамна, Јуве одбиваше можност да го пушти напаѓачот за износ помал од оној кој во јануари 2022 година го издвои на Фиорентина за Влаховиќ, кој тогаш премина за големи 80.000.000 евра.

Ситуацијата сега е значително различна, Влаховиќ го загуби местото во почетните 11 кај Тијаго Мота, па “топчиите” тоа лесно би можеле да го искористат и да го постигнат својот цел на многу поповолна цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…