Дома Фудбал Нови проблеми за Марсека: Челзи остана без уште еден фудбалер

Нови проблеми за Марсека: Челзи остана без уште еден фудбалер

Жоао Феликс си замина, Николас Џексон мора на подолга пауза, а сега се повреди и – Нони Мадуеке.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Офанзивецот на Челси доживеа повреда на задната ложа и ќе ја паузира до мартовската репрезентативна пауза.

Тоа значи дека во следните натпревари Мареска ќе мора да се потпре повеќе на Џејдсон Санчо, Кристофер Енкунку и Педро Нето.

Челси има густ распоред: гостува кај Астон Вила, го пречекува Саутемптон и Лестер, помеѓу и натпревари во осминафиналето од Конференциската лига, а пред паузата гостува на Арсенал на 16 март, по што следи пауза.

Во сите овие натпревари Мареска нема да може да смета на Џексон и Мадуеке, така што е вистински момент да избие во преден план Енкунку, или Санчо и Педро.

Челси гостува кај Астон Вила во сабота од 18.30.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити се интересира за ѕвездата на Ливерпул

Манчестер Сити сериозно размислува за голем трансфер на Алексис Мек Алистер, играч од сред…