Дома Фудбал Останато Алексовска се пласира во финале – ќе се бори за златен медал на ЕП во Белград

Алексовска се пласира во финале – ќе се бори за златен медал на ЕП во Белград

Македонската ММА борачка Даниела Алексовска обезбеди место во финалето на Европското првенство кое се одржува во Белград, откако во полуфиналната битка славеше против Израелката Рути Розмарин.

Алексовска доминираше во текот на целиот меч, покажувајќи одлична тактичка подготвеност и борбен дух. Сите три рунди беа во нејзина корист, а судиите едногласно ја прогласија за победник по поени, нагласувајќи ја нејзината супериорност во октагонот.

Со оваа победа, таа си обезбеди место во големото финале, каде што ќе се соочи со украинска противничка во борба за златото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Владимир Кличко доби привремено старателство над имотот на ќерката на Хајден Панетиер

Судот во Лос Анџелес му додели на Владимир Кличко привремено старателство над имотот на не…