Дома Фудбал Maтеус лут и шокиран: Баерн го понижи Милер, Компани не смееше тоа да го направи!

Maтеус лут и шокиран: Баерн го понижи Милер, Компани не смееше тоа да го направи!


Германската легенда Лотар Матеус изрази незадоволство поради начинот на кој Томас Милер беше третиран на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Бајерн Минхен и Селтик.

Милер влезе во игра во 95-та минута, заменувајќи го Џамал Мусиала, и помина на теренот само 24 секунди, што Матеус го смета за понижувачко.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


“Тоа е понижување. Ме растажи и жал ми е за него. Бев шокиран. Милер не треба да го минува тоа. Тој е еден од најдобрите и најуспешните играчи на Бајерн во сите времиња. За да одигра неколку секунди, тренерот можеше да внесе друг играч,” изјави еден од најголемите германски играчи во историјата за Скај.

Матеусго критикуваше тренерот на Баерн, Винсент Компани, сугерирајќи дека за толку кратко време можело да се внесе друг играч, а не легендата и рекордерот според бројот на настапи за Бајерн.

Исто така, истакна дека ако ова е показател за идната улога на Милер во тимот, можеби треба да разгледа други опции.

Договорот на Милер со Баерн истекува на крајот од сезоната, а неговата иднина во клубот засега е неизвесна, со оглед на неговото ограничено време на теренот во тековната сезона.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олмо направи генетска анализа на барање на Барселона

Мундо Депортиво пишува дека Барселона направила генетска анализа на Дани Олмо и дека сите …