Дома Моторспорт Хамилтон: Имаме сè што е потребно за титула со Ферари

Хамилтон: Имаме сè што е потребно за титула со Ферари

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, изјави дека е уверен оти неговиот нов тим Ферари е подготвен да ја освои шампионската титула.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Возев за два тима светски шампиони (Мекларен и Мерцедес), знам како изгледа победничкиот тим. Тимот го има сето она што е потребно за освојување на шампионатот. Само е прашање да се вклопи сè”, изјави Хамилтон за „Скај 2“.

Хамилтон, кој има вкупно седум титули во Формула 1, премина од Мерцедес во Ферари, каде што ќе вози заедно со досегашниот член на тимот, Шарл Леклер.

„Никој не вели дека сме совршени. Треба да се усовршуваме, но тимот ништо не остава на случајност. Овој тим има неверојатна историја, кој во својот ДНК има победнички менталитет“, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Падна од моторот, па го турна и му удри шлаканица на редарот (Видео)

Неверојатно е тоа што го направи Марко Безеки, кој нема да настапи на Големата Награда на …