Дома Фудбал „Гвардиол е платен 90 милиони евра, Мбапе го испрати по цигари“

„Гвардиол е платен 90 милиони евра, Мбапе го испрати по цигари“

Килијан Мбапе го одбележа реваншот на Реал Мадрид и Манчестер Сити, а со тоа индиректно го стави во фокус и Хрватот Јошко Гвардиол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот постигна три гола во победата од 3:1 за заверка на пласманот во осминафиналето од ЛШ со вкупни 6:3.

Мбапе погодуваше во четвртата, 33 и 61 минута, а вториот го постигна со тоа што го посрамоти Гвардиол.

Французинот со финта го испрати Хрватот во празно, по што Гвардиол заврши на тревата, а Мбапе остана сам пред голот и рутински постигна за 2:0.

Мадридскиот „АС“ за оваа одлична акција на Мбапе против Гвардиола објави текст со наслов: „Епски дриблинг против стоперот од 90 милиони евра за првата историска средба на Мбапе. Незаборавно“.

„Французинот ја одигра својата прва партија на Бернабеу која ќе остане запишана со големи букви. Три гола, но пред својот втор погодок го испрати Гвардиол по цигари со оваа генијалност“, додава шпанскиот весник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави снимка поради која целиот свет мисли дека резултатот меѓу Алжир и Австрија е договорен (Видео)

Со поделба на бодовите (3:3) во последниот натпревар од групната фаза, фудбалерите на Алжи…