Дома Останати Кошарка Дурент: Ја обожавам Евролигата, Барселона и Монако ми делуваат примамливо

Дурент: Ја обожавам Евролигата, Барселона и Монако ми делуваат примамливо

Американскиот кошаркар Кевин Дурент изјави дека би сакал да ја заврши својата кариера во Европа, поточно во Барселона или Монако.

Еден од најдобрите стрелци во историјата на НБА лигата, со застрашувачки напаѓачки арсенал, рече дека го обожава елитното европско натпреварување.

„Сакам да играм во НБА, но навистина уживам гледајќи ја Евролигата. Сепак, не сум сигурен колку е реално да играм таму“.

Најкорисниот играч на најсилната лига во светот најмногу би сакал својата кариера да ја заврши во приморските места.

„Барселона би била добро место, но и Монако делува примамливо. Засега ми се допаѓа во Феникс, ќе бидам тука уште малку време“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…