Дома Моторспорт Фетел не може да се помири со судбината – бара враќање во Формула 1!

Фетел не може да се помири со судбината – бара враќање во Формула 1!

Германецот сè уште се чувствува подготвен за елитата, но многумина го советуваат да ги остави соништата.

Себастијан Фетел последните месеци не бил често во фокусот, но тоа не значи дека целосно ја прекинал врската со Формула 1.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Иако неговиот план да настапи со Порше на 24 часа Ле Ман е ставен на пауза поради семејни причини, четирикратниот светски првак сè уште размислува за враќање во најбрзиот циркус во светот.

Во меѓувреме, Фетел се подготвува за настап на Реис оф Чемпионс во Австралија на почетокот на март, каде ќе ги брани боите на Германија заедно со Мик Шумахер.

Според извори од странските весници, блиски до него, Фетел се чувствува доволно подготвен за враќање во Формула 1.

За тоа зборувал во приватни разговори, нагласувајќи дека Фернандо Алонсо (43) и Луис Хамилтон (40) сè уште се активни, па затоа не гледа причина зошто и тој да не може да најде нов ангажман.

Неговото заминување од Формула 1 крајот на 2022 година не беше целосно доброволно – Астон Мартин не сакаше да го продолжи договорот, а останатите тимови не покажаа интерес за негово доведување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Се друго остана во сенка: Тежок пад на Маркез во Холандија

Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше најбрз на првиот слободен тренинг пред Големата награ…