Дома Останати Тенис Синер суспендиран поради допинг: Познато e колку долго нема да игра тенис

Синер суспендиран поради допинг: Познато e колку долго нема да игра тенис

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради допинг, пренесува шпанскиот медиум „Релево“. Синер се договорил пред да биде сослушан во случајот, што требало да биде на средина на април. Поради жалба на Светската анти-допинг агенција (ВАДА), му се заканувала казна од една до три години, а на крајот без тоа сослушување ќе биде казнет три месеци.

Како што е познато, Јаник Синер бил позитивен минатата година на забранетата супстанца клостебол, меѓутоа не бил казнет тогаш бидејќи изјавил дека случајно ја внесол во својот организам.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Неговата казна започнува да тече од 9 февруари и ќе трае до 4 мај, што значи дека ќе ги пропушти турнирите во Доха, потоа турнирите во Америка, а нема да биде присутен и на почетокот на сезоната на земјена подлога. Сепак, ќе го видиме на Ролан Гарос бидејќи тогаш неговата суспензија, ако така може да се нарече, веќе ќе истече.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Американец му нуди помош на Ѓоковиќ по кризата на стартот на сезоната

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во голема, пред се резултатска криза. Првпат по седум год…