Дома Фудбал Манчестер Сити доби уште една битка во борбата со Премиер лигата

Манчестер Сити доби уште една битка во борбата со Премиер лигата

Премиер лигата загуби уште една битка во војната со Манчестер Сити.

Независен арбитражен панел кон крајот на минатата година донесе одлука за делумна незаконитост на Правилото за трансакции со трета страна (APT) по тужба од Манчестер Сити.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Ова правило беше донесено за да се спречат клубовите во Премиер лигата да остваруваат добивка преку склучување комерцијални договори со компании директно поврзани со нивните сопственици.

Во ноември, Премиер лигата изгласа ситни промени на ова правило и покрај противењето на Њукасл, Астон Вила, Нотингем Форест и Манчестер Сити.

Трибуналот во петокот донесе одлука која се однесува и на тие измени, за периодот од 2021 до 2024 година:

„Во првото делумно наоѓање се наведува дека правилото APT, како и неговите измени донесени во ноември, се незаконити во три аспекти.

Сега е прашање дали тие три аспекти можат да бидат отстранети на начин што преостанатите правила ќе бидат валидни и применливи. Тие три аспекти водат и до тоа да применувањето на правилото APT како целина бидат неприменливи“, е наведено во одлуката.

Оваа одлука е голем удар за Премиер лигата во спорот што го води против Манчестер Сити и на практика значи дека сè што е направено со применување на овие правила до ноември 2024 година всушност е направено незаконски.

Секој клуб што бил казнет според овие правила сега може да бара надомест на штета. Одлуката ги отвора вратите за одговорност на Премиер лигата и нејзините клубови за милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Реал: Мбапе го вклучи алармот во Мадрид

Килијан Мбапе е под знак прашалник за вечерашниот дуел со Атлетико Мадрид. Реал Мадрид сè …