Дома Фудбал Мењан останува верен на Милан

Мењан останува верен на Милан

Медиумите од Италија информираат дека голманот Мајк Мењан и Милан успеаја да постигнат договор за продолжување на нивната соработка.

Мењан има клучна улога во тимот на Милан и се издигна до еден од најдобрите голмани на европска сцена.

Новиот договор кој му беше понуден е до 2028 година, со што се очекува да биде меѓу највисоко платените играчи во тимот, со годишна плата од 6 милиони евра.

Иако Французинот имаше различни понуди, сепак донесе одлука да ја прифати онаа од „росонерите“ и да остане на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Јувентус направија скандал против Аталанта, клубот остро го осуди однесувањето

Една група навивачи на Јувентус на стадионот Алијанц одбија да учествува во минутата молче…