Дома Фудбал Англија Мурињо најави БОМБА: Двајца „ѓаволи“ во замена за ЧУДОТО на Атлетико Мадрид

Мурињо најави БОМБА: Двајца „ѓаволи“ во замена за ЧУДОТО на Атлетико Мадрид

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо подготви интересна понуда за мадридски Атлетико.

Посебна желба да го донесе на „Олд Трафорд“ има за младата ѕвезда на Атлетико, Саул Нигез и подготвен е за него да се откаже од двајца свои фудбалери.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Шпански Дон Балон тврди дека Мурињо е подготвен да ги понуди Хуан Мата и Андре Херера во замена за Саул кој е желба на Мурињо уште додека тој работеше во Челзи.

Меѓутоа, Атлетико нема намера да се откаже од својот фудбалер. Иако има само 22 години, се работи за еден од најдобрите играчи за врска на Европа кој во својот договор има клаузула од 150 милиони евра.

Сепак, предлогот е интересен и би било интересно да се види ваква замена, за која можеби Атлетико и ќе размисли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…