Дома Фудбал Де Брујне: Не сум изненаден, не можеш секогаш да бидеш на врвот

Де Брујне: Не сум изненаден, не можеш секогаш да бидеш на врвот

Кевин Де Брујне изјави дека успесите кои ги постигнал Манчестер Сити во последните години, веројатно ќе бидат оценети со текот на времето. Белгиецот ги освоил сите можни трофеи со тимот на „граѓаните“. По неговото пристигнување на „Етихад“ во 2015 година, тој има шест титули од Англија, две Купи на Англија, пет Купи на Лигата и трофеј од Лигата на шампиони.

Запрашан дали луѓето осознаваат какви неверојатни постигнувања има тимот, Де Бројне одговори: „Не, мислам дека тоа ќе се случи. Можеби, ако го водиме овој разговор по 20 години, тогаш луѓето ќе гледаат на нив различно, бидејќи ќе има време да ги осмислат и да ги разгледаат другите нешта кои се случиле во тој период“.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


„Мислам дека во моментот луѓето го гледаат Сити и си велат: „Тие треба да победат“. Но не е лесно тоа да се направи и веројатно исто така како играч го забораваш и помислуваш дека ќе победиш. Но не, работиш напорно и треба да си ја завршиш работата. Понекогаш е тешко да го оцениш успехот на моментот, бидејќи треба да го повториш одново и одново. Немаш време да уживаш во тие моменти, само си ја вршиш работата“, дополни тој.

„Мислам дека луѓето очекуваат од нас да победуваме секоја година. Веројатно затоа тие се изненадени, но јас не сум. Понекогаш треба да поминеш низ тешки моменти. Имав и други сезони, кога било тешко, но тоа е нормално. Тоа е животот. Не можеш секогаш да бидеш на врвот. Треба да поминеш низ различни периоди“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Реал: Мбапе го вклучи алармот во Мадрид

Килијан Мбапе е под знак прашалник за вечерашниот дуел со Атлетико Мадрид. Реал Мадрид сè …