Дома Фудбал Тренерот на Милан по поразот ја напушти прес конференцијата: Чекав, сега заминувам…

Тренерот на Милан по поразот ја напушти прес конференцијата: Чекав, сега заминувам…

Феенорд на својот стадион Де Кујп го победи Милан со 1:0 во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите. Домаќините дојдоа до победа со раниот погодок, додека Италијанците пропуштија неколку шанси за израмнување.

Натпреварот започна со жестоко темпо, а гостите имаа прва шанса на мечот. Меѓутоа, брзо следеше брза контра и водечкиот погодок на Феенорд.


Клучот на иднината! ↓↓↓


Паишао имаше шанса и за втор погодок во 37. минута, но ја погоди рамката на голот. Милан имаше голема шанса за израмнување во 41. минута од првото полувреме, а нова во 73. минута, но домашната одбрана успешно реагираше на нападите.

По натпреварот, пред новинарите излезе тренерот на Милан, видливо незадоволен што чекаше 15 минути за прес конференција, даде краток коментар и луто ја напушти салата:

“Знаевме што нè чека, колку се агресивни. Натпреварите се полесни ако победувате во дуелите. Влеговме во мечот со шансата на Рајндерс, а потоа примивме погодок. Такви работи се случуваат, но требаше да направиме повеќе. Имавме шанси за израмнување, но сега е доста. Чекав 15 минути да зборувам, а сега заминувам.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Мареска: Челси остана без напаѓачи до април

Челси се соочува со сериозни проблеми во офанзивната линија пред продолжението на сезоната…