Дома Фудбал Минимални победи за Баерн, Бенфика и Феенорд

Минимални победи за Баерн, Бенфика и Феенорд

Бенфика и Баерн Минхен остварија триумфи како гости, приближувајќи се чекор поблиску до осминафиналето од Лигата на шампиони, додека Милан загуби во Ротердам.

„Росонерите“ не пружија најдобра игра, а клучниот момент на натпреварот дојде уште во третата минута кога Игор Паишао искористи грешка на голманот Мајк Мењан и го постигна единствениот гол на средбата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Милан не успеа да израмни во второто полувреме и избегнувајќи го поразот, па сега се ќе се решава на Сан Сиро.

Баерн победи со 1-2 над екипата од Глазгов. Во 45. минута Олисе ја донесе предноста, а Кејн ја зголеми во второто полувреме. Маеда намали во 79. минута, оставајќи мала надеж за реваншот.

Исто така, Бенфика забележа минимален триумф со 0-1 на гостувањето во Монако. Вангелис Павлидис беше човекот на одлука на овој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти киксна на дебито со Бразил

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го започна својот мандат на чело на бра…