Дома Фудбал На фудбалер на Реал му се заканува 5 години затвор: Во вторник играше против Сити, сега му следи пекол…

На фудбалер на Реал му се заканува 5 години затвор: Во вторник играше против Сити, сега му следи пекол…

Фудбалерот на Реал, Раул Асенсио (21), кој во вторникот вечерта ги одигра сите 90 минути против Манчестер Сити, се соочува со судење за случај на детска порнографија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според шпанските и англиските медиуми, дефанзивецот е обвинет за распространување слики и видеа со малолетна личност, а судењето ќе се одржи на Канарските Острови. Три бивши играчи на Реал Мадрид од резервниот тим се вклучени во случајот и тврдат дека ја снимиле и евидентирале содржината.

Од друга страна, Асенсио не се смета за одговорен за снимањето на сликите, но имал пристап до нив и наводно ги пренесувал на други лица. Се наведува дека играчите вклучени во случајот лажеле кога рекле на девојките дека материјалот е избришан.

Асенсио побара да биде изземен од судењето, но судот ја одби неговата молба, а доколку биде прогласен за виновен за распространување на детска порнографија, може да биде осуден на до пет години затвор.

Да потсетиме, тројца бивши играчи на Реал – Феран Руиз (21), Хуан Родригез (22) и Андрес Гарсија (21) – беа уапсени во септември 2023 година, а Асенсио беше повикан да сведочи како сведок. По разговорот со полицијата, Асенсио стана дел од истрагата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер со лакт брутално го удри противникот во лице, осуден е на затворска казна (Видео)

Амaтерскиот фудбалер од Велс, Томас Тејлор (36), е осуден на условна затворска казна откак…