![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/arselo-850x491.jpg)
Марсело формално ја затвори својата успешна кариера и во интервју истакна значајни моменти од времето кога играше за Реал Мадрид.
Бразилецот направи споредба помеѓу двајца одлични тренери кои ги имаше во клубот – Жозе Мурињо и Зинедин Зидан.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
„Со Жозе на почетокот имав големи потешкотии. Јас сакав да ја контролирам топката, но тој инсистираше дека морам да ја одземам од противникот за да го направам тоа. Често ми велеше дека не знам добро да се бранам, но дека ќе ме научи. Имаше многу тензични моменти, но на крај сè се среди добро“.
Според Зидан, тој беше сосема поинаков. Ми ја даде слободата која ја барав и тоа ми помогна да станам подобар играч. Се сеќавам кога ќе велеше: Марсело, оди напред, Кашемиро ти го чува грбот“, рече Марсело.