Дома Фудбал Последните понуди одбиени, Фати одлучи да остане на трибините

Последните понуди одбиени, Фати одлучи да остане на трибините

Заврши преодниот рок и во Турција, што значи дека Ансу Фати сигурно останува член на Барселона.

Ханси Флик го изостави Фати и за натпреварот против Севиља, надевајќи се дека така ќе го натера да оди на позајмица во Турција,.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Дури ни агентот Жорж Мендеш не успеа да го убеди Фати да замине некаде за да има поголема минутажа, Ансу Фати одби сите понуди и одлучи да остане во Барселона.

Сепак, ако се верува на неговата досегашна минутажа, поголеми се шансите остатокот од сезоната да го помине на трибините.

Верувале или не, Фати од закрепнувањето од повреда средината на декември, одиграл само половина час против понисколигашот Барбастра во Купот на кралот и тоа е се во 2025 година.

Каталонските извори пишуваат дека Роберт Левандовски прави сè за да му помогне како ментор на тренинзите, но дека Фати не може да ja добие довербата на Ханси Флик. 

Фати оваа сезона одигра само осум натпревари, а на теренот помина само 186 минути.

Верувале или не, тој е трет најплатен играч во тимот на Барса со бруто плата од 14 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mилан донел одлука: Сака да го задржи Феликс, познато и на кој начин

Португалскиот фудбалер Жоао Феликс (25) одигра само два натпревари за Милан, а тоа беше до…