Главниот тренер на Феенорд, Брајан Приске, ја напушти функцијата, соопштија од холандскиот фудбалски клуб. Разделбата е по взаемна согласност и доаѓа само 48 часа пред првиот натпревар со Милан од плејоф рундата во Лигата на шампионите.
Од Феенорд изјавија дека одлуката е донесена поради непостојаност во резултатите и „недостиг на хемија во тимот“. Заедно со Приске заминуваат и неговите асистенти Лука Бабалола и Бјорн Хамберг. Во вторник, клубот од Ротердам ќе го објави името на привремениот тренер.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Феенорд го победи со 3:0 градскиот ривал Спарта Ротердам за време на викендот, но сепак тимот останува на петтото место на табелата во првенството на Холандија со 39 поени од 21 натпревар, 12 поени зад лидерите Ајакс и ПСВ Ајндховен. На почетокот на месецот, тимот отпадна и од Купот на Холандија по пораз од 0:2 од ПСВ Ајндховен.