Дома Фудбал УЕФА му забрани на Баерн да игра со црвени дресови во Лигата на шампионите, позната и причината

УЕФА му забрани на Баерн да игра со црвени дресови во Лигата на шампионите, позната и причината

Европската фудбалска организација УЕФА му забрани на Бајерн Минхен да ги носи црвените домашни дресови во Лигата на шампионите поради специфична причина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, според пишувањето на „Билд“, проблемот е што црните бројки на црвениот дрес не обезбедуваат доволно јасна слика за гледачите пред малите телевизори и на стадионите, со што се прекршуваат правилата за видливост.

За во иднина да можат да ги носат споменатите црвени дресови, ќе мора да ги прилагодат според правилата на европската фудбалска организација и да ги стават броевите и презимињата на играчите во бела боја.

Во досегашните натпревари во Лигата на шампионите, Баерн носеше црни или бели дресови, а во среда ги очекува натпревар од нокаут фазата против Селтик во Шкотска.

И таму нема да го носат својот црвен дрес и покрај тоа што шкотскиот великан носи зелено-бели дресови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …