Дома Моторспорт Расел има големи амбиции: Подготвен сум за титулата

Расел има големи амбиции: Подготвен сум за титулата

Џорџ Расел, возачот на Мерцедес, истакна дека се чувствува подготвен за борба за светска титула во 2025 година.

Џорџ Расел е сигурен дека ако има соодветен болид, ќе биде подготвен за освојување на светската титула во 2025 година.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


На претставувањето на партнерството со „Адидас“, Тото Волф ја објасни сегашната фаза низ која поминува Мерцедес:

„Се обидуваме да го обновиме тимот по заминувањето на Луис Хамилтон”, објасни тој

Двете победи кои Расел ги постигна во 2024 година, заедно со третата во Спа која му беше одземена поради пре тежок болид поради стратегијата, се резултат на тоа што знаеше да ги искористи поволните ситуации.

„Апсолутно. Се чувствувам подготвен за освојување на титулата. Сите во тимот се мотивирани. Секој пат кога имавме прилика за победа, победуваме. Тоа ми дава самодоверба дека, ако имаме болид за победа, можеме да ја освоиме титулата. Работиме се што можеме за да ја искористиме таа прилика годинава”, изјави Британецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Кими не сака да биде како Хамилтон: Јас сум новиот возач на Мерцедес

Возачот на Мерцедес Андреа Кими Атонели зборуваше за споредбите со Луис Хамилтон, кого го …