Дома Фудбал Позната најголемата трансфер желба на Милан

Позната најголемата трансфер желба на Милан

Репрезентативецот на Италија и ѕвезда на Торино, Самуеле Ричи, е на пат да стане првото летно засилување на Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

Ричи, кој има 23 години, блеска и се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во Серија А. Ова привлече внимание на многу европски гиганти.

Тој доби надимакот „новиот Пирло“, и покрај тоа што неодамна потпиша нов договор со Торино.

Сепак, се пренесува дека во неговиот договор постои ослободителна клаузула од 50 милиони евра, која неколку клубови се подготвени да ја платат.

Милан веќе е во напредна фаза на преговори со неговиот агент. Ричи кажа ДА на „росонерите“, што значи дека се очекува негово доаѓање на „Сан Сиро“ како прво летно засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покетино: „Време е за Хари Кејн“ – Англичанецот ја заслужува Златната топка

Маурицио Покетино смета дека Хари Кејн заслужува да ја освои престижната „Златна топка“, и…