Дома Фудбал Инзаги по поразот на Интер: Го заслуживме!

Инзаги по поразот на Интер: Го заслуживме!

Фудбалерите на Интер доживеаа синоќа пораз во Фиренца, изгубија од Фиорентина со резултат 3:0 во одложениот натпревар од 14. коло на Серија А, ја пропуштија шансата да се израмнат со Наполи на чело на табелата и останаа на -3 во однос на лидерот, а тренерот на актуелниот шампион на Италија Симоне Инзаги вели дека ситуацијата не е драматична и дека ништо не е изгубено.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Го заслуживме овој пораз. Честитки за Фиорентина. Преземам одговорност. Ќе го анализираме овој меч, нема време за драма“, изјави Инзаѓи.

Бранителот на титулата не личеше на себе на стадионот “Артемио Франки”.

Не сакам никакви оправдувања, ниту да слушнам за замор, едноставно не покажавме тоа што обично го покажуваме на теренот. Природно е да сме незадоволни во овој момент, но треба да се собереме и да го вратиме стариот ниво. Има уште многу да се игра“, заврши тој.

Интересно е што Интер и Фиорентина повторно ќе се сретнат веќе во понеделник, кога ќе се одигра нивниот редовен натпревар од 24. коло во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар по девет години се враќа во квалификациите за ЛШ, противник во Скопје е КуПС!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, денеска по пауза од девет години се враќа…