Дома Останати Ракомет Репрезентативецот на Швајцарија ја заврши кариерата на 29 години за да работи во банка

Репрезентативецот на Швајцарија ја заврши кариерата на 29 години за да работи во банка

Швајцарскиот ракометар и член на четвртопласираната екипа од германската Бундеслига Хановер, Максимилијан Гербл, одлучи на 29 години да ја заврши кариерата затоа што доби понуда од неговата татковина која не може да се одбие.

Швајцарецот, кој игра на позиција десно крило, одлучи да ја заврши својата професионална ракометна кариера и да влезе во светот на финансиите.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Гербл заврши магистерски студии по банкарство и финансиски услуги на Универзитетот во Базел, а кога доби повик од една швајцарска банка, одлучи да му каже збогум на ракометот.

“Отворено разговаравме со Макс и не сакаме да поставуваме никакви пречки во неговата професионална иднина. Затоа се согласивме со неговото барање за предвремен раскин на договорот”, изјави Свен-Сьорен Кристоферсен, спортски директор на Хановер.

“Многу сум благодарен што имав можност да играм во најсилната лига во светот, уживав во секој момент, а сега е време за ново поглавје во мојот живот. Среќен сум што можам да ја искористам оваа прилика, а на сите во клубот им посакувам многу успех”, изјави Гербл.

Гербл ја започна својата професионална ракометна кариера во 2014 година во Базел, потоа играше во Кадеттен Шафхаусен од 2017 до 2022 година, а последните три сезони ги помина во Хановер.

За репрезентацијата на Швајцарија настапуваше од 2017 година и во 66 настапи постигна 96 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ објави нова ранг листа: Еве на кое место се наоѓа Македонија

Од ЕХФ денеска го објавија најновиот ранкинг на репрезентациите, а со тоа е познато и на к…