Дома Тенис Навивачи испраќаат смртни закани до шампионка на Вимблдон (Фото)

Навивачи испраќаат смртни закани до шампионка на Вимблдон (Фото)

Чешката тенисерка Маркета Вондрушова повторно е на мета на незадоволни луѓе кои и овој пат ѝ се закануваат со смрт!

Вондрушова е шампионка на Вимблдон од 2023 година, но изминатата година се бори со формата и сега на турнирот во Абу Даби беше поразена од Белинда Бенчиќ со 2:0 во сетови.

Веднаш по поразот, Маркета се јави на социјалните мрежи за да го подигне гласот поради онлајн вознемирување и ги сподели сите страшни пораки кои ги примила.

Меѓу нив имаше бројни кои посакуваа смрт на тенисерката, што е исклучително загрижувачки.

– Ми недостасуваше ова – беше саркастичен коментар на тенисерката која на својата „сторија“ ги сподели негативните коментари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кецмановиќ издржа во три сета, Серундоло е последната пречка за Париз

Српскиот тенисер по два часа го совлада Џејмс Дакворт и се доближи на една победа до главн…