Дома Фудбал Серхио Рамос претставен во новиот клуб

Серхио Рамос претставен во новиот клуб

ШПАНСКИОТ стопер Серхио Рамос потпиша договор со мексиканскиот Монтереј, потврди клубот на своите социјални мрежи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За 38-годишниот стопер ова ќе биде четвртиот клуб во кариерата по Севиља, Реал Мадрид и Париз Сен-Жермен.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија беше без клуб од кога минатото лето ја напушти Севиља по истекот на договорот и нема одиграно професионален натпревар од мај 2024 година.

Mеѓувреме тој работеше индивидуални тренинзи за да остане во форма. Монтереј сакаше да ја засили својата одбранбена линија за продолжување на натпреварувањето во мексиканската Клаусура, oткако претходно ја загубија услугата на Карлос Салседо, кој претрпе сериозна повреда на предните лигаменти на коленото.

Монтереј моментално е на 11-то место на табелата со шест бодови по пет кола, а клубот пет пати ја има освоено Лигата на шампионите на КОНКАКАФ. Рамос потпиша договор на една година и ќе го носи бројот 93.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ќе го доведе Кансело за неколку дена

Португалскиот десен бек Жоао Кансело е сè поблиску до комплетирање на преминувањето во Бар…