Дома Моторспорт Хамилтон по заминувањето од Мерцедес направил господски потег кон 3.000 вработени

Хамилтон по заминувањето од Мерцедес направил господски потег кон 3.000 вработени

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон објави во февруари минатата година дека по 12 години соработка го напушта Мерцедес и ја продолжи кариерата во Ферари. Четириесетгодишниот Британец, кој освои шест светски првенства со Мерцедес по премиерниот во Мекларен, се натпреварува во Формула 1 од 2007 година.

Возењето на Ферари во Формула 1 Хамилтон го опиша како остварување на детскиот сон, и за славниот тим потпиша повеќегодишен договор со плата од околу 50 милиони евра по сезона. Пред да го напушти Мерцедес, Хамилтон купил ист подарок за 3.000 сегашни и поранешни вработени во Мерцедес.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Според англиските медиуми, Хамилтон го ангажирал познатиот уметник во мотоспортот Пол Оз, човекот кој изработи бисти на легендарни возачи како што се Аритон Сена, Брус Макларен, Џејмс Хант… да создаде ново уметничко дело, слика на неговиот болид на Големата награда на Монако во 2019 година.

Оригиналната слика нацртана со маслена техника виси во седиштето на тимот во Бракли, а секој член на персоналот на Мерцедес доби своја копија од тоа уметничко дело. Ова го потврди и самиот Оз во објава на Инстаграм која подоцна ја избриша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Саинц разочаран од најновата одлука на Вилијамс

Вилијамс годинава направи огромен напредок, но сега реши да го запре понатамошниот развој …