Дома Фудбал Почина познат фудбалер, била пронајдена дрога покрај него!

Почина познат фудбалер, била пронајдена дрога покрај него!

Шокантни вести доаѓаат од Австралија. Адам Хантер, ѕвезда на австралискиот фудбал, многу популарен спорт во земјата на кенгурите, е пронајден мртов во својот стан во Банбери, 175 километри јужно од Перт.

Тој почина на 43-годишна возраст, а по пронаоѓањето на безживотното тело и обидите за реанимација, е прогласен за мртов и телото е испратено на анализа.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Полицијата посочи дека не го сметаат случајот за сомнителен, но деталите ја шокираа јавноста.Покрај телото на Хантер била пронајдена дрога, како и прибор за нејзино користење.

Хантер, во својата богата десетгодишна кариера (2000–2009), одигра 151 натпревар за Вест Кост, пред повредите да го натераат на предвремено пензионирање. Неговата најдобра сезона беше 2006 година, кога постигна 29 гола, вклучувајќи и клучниот погодок во завршницата на спектакуларното финале против Сиднеј, во кое Орлите триумфираа со еден поен разлика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно е колку нема среќа: Одигра само пет натпревари цела година и сега – повторно се повреди!

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Лук Шо претрпе нова повреда, и повторно нема да биде во …