Челси официјално го објави трансферот на 19-годишниот играч од среден ред Матис Амугу, кој е донесен од Сент Етиен за 15 милиони евра. Францускиот талент, кој има 17 натпревари во Лига 1 од почетокот на сезоната, потпиша договор за осум години со Лондонскиот тим.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според Фабрицио Романо, тој ќе остане да тренира со првиот тим на Челси до крајот на сезоната, по што ќе биде позајмен на Стразбур и ќе се врати на „Стадион Стемфорд Бриџ“ во 2026 година.
„Многу сум среќен. За мене е чест да потпишам со толку голем клуб како Челси. Тие веруваат во младите играчи кои ги развиваат на фантастичен начин“, изјави Амугу, кој е единственото ново засилување на Челси во зимскиот трансфер период.
Лондонскиот тим беше поактивен овој пат со одливни трансфери. Жоао Феликс, Карни Чуквуемека, Аксел Дисаси, Бен Чилвел и Кејлъб Уајли беа испратени на позајмица, а Чезаре Касадеи беше продаден на Торино.