Дома Фудбал Останато Роналдо има услов за „кралевите“ – Што ќе каже Перез?

Роналдо има услов за „кралевите“ – Што ќе каже Перез?

Најдобриот фудбалер во светот, поставува рекорди и успеси, но не е баш среќен. Сега има ново барање од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Се погласни се шпекулациите дека Роналдо после Светското првенство 2018 година во Русија би можел да го напушти Реал Мадрид, а се шпекулира дека тоа би можело да биде за сума од 180 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Роналдо би можел да си замине од Мадрид на свое барање и покрај тоа што потпиша договор до 2021 година. Причината е што тој не е најплатен фудбалер во светот.

Токму тоа е новиот услов кој Португалецот го поставил до Перез, алудирајќи на тоа дека Лионел Меси во Барселона годишно заработува 10 милиони евра повеќе.

Аргентинецот според новиот договор кој во Барселона тврдат дека е спремен и недостасува само потписот на Меси, годишно би заработувал 50 милиони евра, додека Роналдо за истиот период би добил 10 помалку.

Наводно доколку Перез не сака да го исполни овој услов на Роналдо, Жорге Мендеш ќе има слобода да бара нов клуб кој ќе биде спремен Роналдо да го направи најплатен фудбалер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…