Дома Останати Ракомет Во Данска лути: Мараш можеше да му ја скрши ногата на Гидсел (Видео)

Во Данска лути: Мараш можеше да му ја скрши ногата на Гидсел (Видео)

По победата во финалето против Хрватска, ракометарите на Данска долго време зборуваа за агресивната игра на „Каубоите“ за време на дуелот кој го одлучи новиот светски шампион.

Ракометната репрезентација на Данска вчера ја совлада Хрватска со резултат 32:26 и на голем стил го освои новиот трофеј на светски шампион покажувајќи дека никој на светот не може да се спореди со нив.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


И покрај победата, Данците не беа задоволни од начинот на кој играа Хрватите. Конкретно, беа незадоволни затоа што сметаа дека противниците играле премногу грубо во текот на целото финале.

Особено внимание привлече потегот на хрватскиот ракометар Матео Мараш. Тој нагази на стопалото на најдобриот ракометар на Светското првенство Матиас Гидсел и стоеше на него некое време.

Од друга страна, самиот Гидсел не се пожали премногу и не му се замери на Мараш за неспортскиот потег. Чекаше натпреварот да продолжи за да и донесе на својата селекција титулата светски шампион.

Еден од најгласните во протестите против грубата игра на Хрватите беше данскиот ракометар Симон Питлик, инаку најдобар лев бек на Светското првенство, кој порача дека стилот на игра на Хрватите можел да остане само за Загреб каде “судиите се на нивната страна”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…