Дома Останати Ракомет Французите ги критикуваат Хрватите: Не можеа да се контролираат во финалето

Французите ги критикуваат Хрватите: Не можеа да се контролираат во финалето

Данска ја победи Хрватска со 32:26 во финалето на Светското првенство. По натпреварот во Осло, данските играчи, поранешни играчи и новинари изразија огорченост, како што тврдат, поради “валканата” игра на Хрватите. Францускиот L’Equipe, најугледниот спортски дневен весник во светот, исто така ја истакнува многу грубата игра на Хрватска во финалето.

“Данска без мака ја совлада Хрватска во финалето на СП. Блескаа Гидсел и Нилсен, додека Хрватите не можеа да се контролираат, па имаа седум исклучувања и два црвени картони. Данците го освоија светскиот наслов четврти пат по ред, сега против Хрватска, чиишто план беше едноставен: со жестоки стартови да ја нарушат одличната игра на Данска.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Веќе на почетокот Матео Мараш насилно го запре Симон Питлик. Грубата игра на Хрватска, која ја пречекори границата на дозволеното, се исплатеше само во првите 15 минути, кога го забави данскиот напад. Но, потоа Марко Мамиќ, клучниот играч на хрватската одбрана, ја изгуби контролата. Расмус Лауге Шмит го запре во контра така што го фати со двете раце за врат. Поради тоа логично доби црвен картон.

Тука започна данската машина. Гидсел ја почна својата беспрекорна серија од 10 голови и 4 асистенции, и предизвика исклучување на Звонимир Сърна. Тој во вториот дел доби црвен картон затоа што направи дури три прекршоци за исклучување. Беснееше и хрватската клупа, па и таа беше казнета.”

Сепак, „Л’Ekip# истакнува и еден убав потег на крајот од големата борба: “Видовме фер-плеј гест, кога Данците му дозволија на хрватскиот капитен да го постигне последниот гол на натпреварот и така да ја заврши кариерата во репрезентацијата.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ објави нова ранг листа: Еве на кое место се наоѓа Македонија

Од ЕХФ денеска го објавија најновиот ранкинг на репрезентациите, а со тоа е познато и на к…