Дома Фудбал Салах го најде „лекот“ и за Борнмут, Мојс го препороди Евертон (Видео)

Салах го најде „лекот“ и за Борнмут, Мојс го препороди Евертон (Видео)

Во терминот од 16 часот се одиграа четири натпревари од 24. коло на англиската Премиер лига, а постигнати се следните резултати: Борнмут – Ливерпул 0:2, Евертон – Лестер 4:0, Њукасл – Фулам 1:2 и Ипсвич – Саутемптон 1:2.

Ливерпул неуморно се движи кон титулата, а на тој пат го сруши и сјајниот Борнмут, кој во денешниот дуел влезе со голема самодоверба по двете убедливи победи против Њукасл и Нотингем Форест.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Се играше 30-та минута кога Кук во својот казнен простор го собори Гакпo, судијата покажа на белата точка, а Мо Салах беше немилостив и погоди од 11 метри за 0:1.

Во продолжението, Борнмут беше подобар тим и ќе има зошто да жали.

На Брукс во 38-та минута му беше поништен гол поради офсајд, а во 70-та минута Ливерпул имаше многу среќа. Најпрво Таверние силно шутираше од далечина и го погоди стативата, топката се одби до Клајверт, а Холанѓанецот од само неколку метри успеа да го префрли празниот гол.

И како што обично се случува во фудбалот, Борнмут беше сурово казнет веќе во 75-та минута.

Луис Диаз повлече од левата страна, го проигра Собослаи во средината, овој веднаш ја префрли десно до Салах, кој го изненади Керкез, направи еден чекор и на фантастичен начин го погоди спротивниот агол за 0:2.

Дејвид Мојс на „Гудисон“ е дефинитивно свој на своето, го препороди Евертон од своето враќање на клупа.

Евертон сега е во прилично безбедна зона, додека Лестер е прв над „линијата“ и го очекува жестока борба за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…