Дома Фудбал Винисиус не го интересираат арапските милиони: Сакам во Реал уште многу години

Винисиус не го интересираат арапските милиони: Сакам во Реал уште многу години

Винисиус Јуниор ја игра својата шеста сезона во Реал Мадрид и се надева дека ќе остане уште долго на Бернабеу.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последно време многу се шпекулира за огромни понуди од Саудиска Арабија за него, но Бразилецот сака уште долго да го носи „кралскиот“ дрес.

„За мене е многу важно да пишувам историја во овој клуб, поради што се надевам дека ќе продолжам да играм за Реал уште многу години“, изјави Винисиус и така уште еднаш јасно стави до знаење дека нема намера да замине во Саудиска Арабија каде што му се нуди милијарда евра плата за вкупно пет сезони.

„Моите идоли се Кристијано Роналдо и Роналдо Феноменот. Тие беа дел од една историска ера и сакам да ги следам. Роналдо Назарио ми даде многу совети за финишот. Кристијано има 451 гол за Реал, што е повеќе од неговите натпревари. Повеќето од нив ги гледав бидејќи го следам од дете“, додаде бразилскиот интернационалец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал и Манчестер Јунајтед сакаат напаѓач од Интер: Цената е 85 милиони евра

Арсенал и Манчестер Јунајтед го следат Франческо Пио Еспозито, 21-годишниот напаѓач на Инт…