Тешко е да се загуби така, има горчлив вкус од првото полувреме кога скоро ништо не игравме“, изјави францускиот ракометар Недим Ремили по поразот од Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Загреб.
Хрватската ракометна репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство со победа од 31:28 против Франција во преполната Арена во Загреб.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
“Имаше грубост и тупаници во лицето во текот на целиот натпревар. Мислам дека судијата требаше да даде повеќе црвени картони, а не само тој за нас.
Но, ние сме самите виновни. Ова беше нов удар за нас откако бевме елиминирани во четвртината -финале на Олимписките игри минатото лето.“
„Ќе мораме да се утешиме со освојувањето на нашата петта светска бронза“, изјави Ремили.