Дома Ракомет Лука Карабатиќ: Не знаевме што не снајде. Хрватите ја заслужија победата

Лука Карабатиќ: Не знаевме што не снајде. Хрватите ја заслужија победата

Ракометната репрезентација на Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство.

Хрватска ја совлада Франција во уште една ракометна класика со резултат 31:28 во преполната Арена Загреб. Избраниците на Дагур Сигурдсон вечерва ќе ги дознаат противниците во финалето, по второто полуфинале меѓу Данска и Португалија.

Херојот на победата на Франција во четвртфиналниот натпревар против Египет и стрелец на победничкиот гол на само 0,3 секунди до крајот на натпреварот, Лука Карабатиќ, го коментираше поразот од Хрватска за РТЛ.

„Хрватска заслужи да победи, одлуката падна во првото полувреме, кое го одигравме лошо. Правевме грешки, атмосферата се вжешти, а кога тоа ќе се случи знаеме колку е тешко да се игра овде. Не знаевме што не снајде. Моравме да ја одиграме нашата најдобра партија за да победиме, но не успеавме“, изјави Карабатиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер е 15-ти во рангирањето на ЕХФ, но европската битка допрва се решава

Битолчани добија место во горната половина од рангирањето на 32 учесници во Европската лиг…