
Тоа што ѝ се случи на Барселона пред 10-тина години со Нејмар, сега му се случува на Реал Мадрид со Винисиус.
Многу љубители на фудбалот се сеќаваат на летото 2017 година кога ПСЖ ја активираше клаузулата и го донесе Нејмар во своите редови за 222 милиони евра, што и понатаму е најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Неодамна бразилската суперзвезда призна дека во редовите на францускиот великан дошол исклучиво поради пари. Денес има 32 години и сега се враќа во родниот Сантос.
Дали истата судбина го чека и Винисиус? Бразилецот е член на Реал, игра за еден од најдобрите клубови во светот, исто како и Нејмар некогаш, но повикот на парите секогаш е привлечен.
„Диарио АС“, познат шпански медиум, во насловната за вторник, 28 јануари, носи ексклузивна вест за понуда тешка 1.3 милијарди евра за најголемата ѕвезда на „кралевите“.
„Ќе почекаме до лето да видиме некои интересни засилувања. Ќе видиме што ќе биде тогаш“, рече неодамна Омар Мујарбел, извршен директор на саудиската лига.
.✨📰 ¡Ya está aquí la #portadAS del martes, 28 de enero!
— Diario AS (@diarioas) January 27, 2025
💰 Mil millones para Vinicius
🔗 https://t.co/h2WhUuG0es pic.twitter.com/xg9pt2xZSf