Дома Фудбал Изненадување од Островот: Астон Вила го продава својот напаѓач за 95 милиони евра?

Изненадување од Островот: Астон Вила го продава својот напаѓач за 95 милиони евра?

Фудбалскиот клуб Астон Вила, сепак, е подготвен да го продаде Џон Дуран, но само во случај на рекорден трансфер.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Новинарот на Атлетик, Дејвид Орнстајн, денес откри дека Астон Вила им соопштила на заинтересираните дека може да преговара за Дуран, но за сума од 80 милиони фунти, односно околу 95 милиони евра!

Дуран во претходните денови беше поврзуван со бројни клубови, дури имаше контакти и од Саудиска Арабија, но Колумбиецот чека понуда од Европа.

Наводно, на сцена стапил Арсенал, кој по секоја цена сака да донесе напаѓач до крајот на јануарскиот трансфер прозорец, и многу е можно да тргнат по Дуран бидејќи Александар Исак и Бенџамин Шешко се недостапни до летото.

Сепак, се спомнува дека го следи и Челси, бидејќи Николас Џексон не покажа дека може да биде единствен напаѓач и Енцо Мареска побара уште еден центарфор.

Дуран е резерва во Астон Вила, Оли Воткинс е сѐ уште незаменлив, а Унаи Емери не сака да игра со двајца напаѓачи, бидејќи тоа не е неговиот систем на игра.

Вила може ова добро да го наплати и да заработи значителна сума, бидејќи го доведе Колумбиецот од Чикаго во зимата 2023 година за 16 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо има нов ѕвер, го купи еден од најскапите автомобили во светот – вреди повеќе од милион долари!

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, освен на теренот, честопати ги привлеку…