Дома Останати Кошарка Нова импресивна партија на Јокиќ, Денвер загуби

Нова импресивна партија на Јокиќ, Денвер загуби

Трипл-дабл на Никола Јокиќ и пораз на Денвер Нагетс веќе не е изнендување во НБА лигата. По дебаклот во дуелот со Минесота, Нагетс загубија и во Чикаго. Булс славеа со 129:121.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Натпреварот во Чикаго домаќините го решија во последната четвртина со серија 13:2. Денвер се доближи во 124:121, но потоа Лавин го реши дуелот.

Јокиќ блескаше во Чикаго со 33 поени, 12 скока и 14 асистенции и некарактерситчно за него имаше пет забивања. Ова е шестти трипл дабл на спрскиот ас во последните седум натпревари.

Кристијан Браун постигна 28 поени, Џамал Мареј 18 поени со шут 8/20, додека Мајкл Портер Јуниор исто така постигна 18 поени.

Зак ЛаВин ги предводеше Булси до победата со 21 поен, Никола Вучевиќ постигна 20 поени, 10 скока и шест асистенции, додека Лонзо Бол постигна 18 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вемби е чудесен, го водеше Сан Антонио до победа и водство против Минесота! (Видео)

Импресивниот француски кошаркар Виктор Вембанјама беше клучната фигура во триумфот на Сан …