Дома Останати Тенис Мареј за соработката со Ѓоковиќ: Ова е поразлично од тоа што очекував

Мареј за соработката со Ѓоковиќ: Ова е поразлично од тоа што очекував

Британецот Енди Мари зборуваше за соработката со Новак Ѓоковиќ во Мелбурн.

За Мареј, кој ја заврши кариерата минатата година, ова беше прво тренерско искуство.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Отсекогаш знаев дека ќе уживам во тренерската работа. Никогаш не мислев поинаку, но има работи што ги научив и кои можеби беа малку различни од она што го очекував“, рече Мареј за „Гардијан“.

Мареј истакнува дека ќе мора уште да работи, за да напредува во тренерската област.

„Сигурно постојат области во кои треба да се подобрам, на пример, во техничката страна на играта. Како играч, ги разберам основите, но не толку добро како некои многу искусни тренери. Некои од нив со кои работев низ годините беа многу силни во таа област”, вели тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Teнисер доживеа шок – доби суспензија на 20 години!

Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) соопшти дека францускиот тенисер Кв…