Дома Фудбал Касемиро е „невидлив“ за Аморим, Истанбул е негова следна станица?

Касемиро е „невидлив“ за Аморим, Истанбул е негова следна станица?

Искусниот бразилски играч за врска Касемиро го изгуби статусот на првотимец во Манчестер Јунајтед.

Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Рубен Аморим не го вметнал 32-годишникот во своите планови, а освојувачот на пет титули во Лигата на шампиони со Реал Мадрид поради тоа може наскоро да замине од Јунајтед.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Нова станица за Касемиро би можела да биде Турција. Имено, според пишувањето на угледниот „Ас“, истанбулскиот гигант Бешикташ сака Бразилецот да се приклучи во нивните редови, а доколку на „Олд Трафорд“ пристигне добра понуда, црно-белите ќе имаат голема шанса да ангажираат звучно засилување.

Своите врски би можел да ги искористи и актуелниот тренер на Бешикташ, Оле Гунар Солскјер, легендарниот фудбалер, а потоа и менаџер на Јунајтед.

Касемиро има договор до јуни 2026 година, а неговата пазарна вредност се проценува на 12.000.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Динамо Загреб се засили со фудбалер од „Ла Масија“

Младиот шпански фудбалски талент Серги Домингуез денеска беше официјално претставен како н…