Дома Фудбал Консеисао објасни зошто сакал да се тепа со капитенот на Милан

Консеисао објасни зошто сакал да се тепа со капитенот на Милан

Милан со голови во продолжението ја извојуваа големата победа на домашен терен против Парма со 3:2.

Натпреварот беше обележан со извонредната игра на Страхиња Павловиќ, двојната замена на „Росонерите“ веќе на полувремето, но и конфликтот на тренерот Сержо Консеисао и искусниот дефанзивец Давиде Калабрија, што е моментот кој привлече најголемо внимание во медиумите по натпреварот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Директен како и секогаш, Консеисао истакна дека веќе ги поправил односите со искусниот италијански фудбалер и дека му е драго што непријатната ситуација се случила за време на самиот натпревар.

„Понекогаш со адреналинот што доаѓа за време на натпревар, мора да се живее со страст во овој спорт. Мислам дека тоа е добра работа. На мене ми беше во ред бидејќи таа ситуација се случи за време на натпреварот. Тоа е исто како со деца. Ако се однесуваат лошо, мора да реагирате. Јас сум директен, фудбалерите знаат дека создаваме врска и дух кој се покажа како пресуден на крајот“, рече Консеисао по натпреварот на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите до 16 години поразени од Словачка на турнирот во Подгорица

Репрезентација на Македонија до 16 години забележа пораз од селекцијата на Словачка во рам…