Дома Останати Ракомет Нема предавање: Македонија ќе даде сè од себе против фаворитот Франција

Нема предавање: Македонија ќе даде сè од себе против фаворитот Франција

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го одигра својот последен натпревар од главната фаза на Светското првенство, во кој ќе се соочи со силната селекција на Франција. Овој натпревар е од големо значење за Македонија, бидејќи може да биде клучен за пласманот понатаму во турнирот.

Во моментот, нашата репрезентација се наоѓа на третото место во групата со освоени четири бода, колку што има и Австрија. Сепак, конечниот расплет во групата ќе биде јасен пред почетокот на нашиот натпревар, бидејќи претходно ќе се одиграат двата клучни дуела: Холандија – Австрија и Катар – Унгарија.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ↓↓↓


На другата страна, Франција, која важи за фаворит во групата, веќе го обезбеди првото место и можноста за понатамошен настап. Ова ѝ дава простор на селекторот на Франција да ротира во составот и да им даде шанса на играчите кои помалку настапуваа досега. Ова може да биде мала предност за нашиот тим, кој сигурно ќе даде сè од себе за позитивен резултат против силниот противник.

„Ни следи дуел против Франција за која не треба да се трошат премногу зборови, сите знаеме кои се и што се. Треба да уживаме на тој натпревар, не треба да ги прецениме Французите и треба да играме за победа. Очекуваме добар натпревар против Франција, да се бориме до крај, нема да се предадеме“, кажа Марко Кизиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија може да биде горда: Зад нас на Мундијалот останаа силни селекции!

Репрезентацијата на Македонија со натпреварот в сабота против Франција го заврши настапот …