Винисиус Жуниор деновиве е во центарот на вниманието поради шпекулациите за огромна понуда од Саудиска Арабија во износ од 350 милиони евра, која наводно би требало да пристигне за неговиот потпис.
Според информациите објавени од „Релево“, оваа понуда се очекува да биде испратена до Реал Мадрид следното лето.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак, мадридскиот гигант нема намера да ја прифати. Винисиус е еден од клучните играчи во составот на Реал, а клубот го гледа како дел од својата долгорочна стратегија.
„Разговарав со него директно и можам да потврдам дека е среќен во клубот. Тој сака да испише историја во Реал Мадрид и целосно е посветен на тоа. Јасно го гледам како мотивиран и среќен играч во нашиот тим,“ истакна Анчелоти.